Рочиштето за „Дива населба“ е одложено

– Заради зголемен интерес на медиумите и невладините организации околу предметот кој се води во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, поврзан со настаните од кумановската Дива населба, ја информираме јавноста дека главната расправа по овој предмет закажана за 18 и 20 октомври 2016 година се одлага по добиено известие за службено патување на овластениот обвинител од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, стои во соопштението.

Судењето за овој предмет, како што велат од Кривичниот суд, според однапред определените термини продолжува на 3 ноември 2016 година во 10:00 часот во големата сала на Врховниот суд на Република Македонија.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.