Рочиштето за „Поткуп“ повторно одложено, Заев треба да се јави пред судот за еден месец

Судењето за „Поткуп“ во кое обвинет е премиерот Зоран Заев, што денеска требаше да се одржи во Кривичниот суд, е одложено за 26-ти февруари на барање на јавен обвинител кој во петокот го известил новиот судија Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на денешното рочиште.

Одложено беше и претходното рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, бидејќи предметот не беше пристигнат од Апелацискиот суд, кој одлучуваше по жалбата на одбраната на Заев. Тие бараа видеоснимките од посебните истражни мерки да бидат користени како доказ во судската посапка, бидејќи дел од нив биле објавени на интернет.

Претходното рочиште, исто така, беше одложено, бидејќи предметот не беше пристигнат од Апелацискиот суд, кој требаше да одлучи по жалбата на одбраната на Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, зато што делови од неа беа јавно објавени на видео-сервисот „Јутјуб“.

Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица бара поткуп од 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.