Родена тројка џиновски панди

Зоолошката градина во Гуангџоу, на југот на Кина, ја претстави тројката џиновски панди, кои се родиле заробени и успеале да преживеат.

Пандите се родени на 29 јули и најпрво биле во инкубаатор, а потоа и биле вратени на мајката.

Тројката се смета за „ново светско чудо“ бидејќи смртноста кај новородените панди е поголема отколку кај големите.

Panda trojke

Од Зоолошката градина не го соопштуваат полот.

Експертите сметаат дека за оваа загрозена врста на животни пред новороденчињата да наполнат шест месеци рано е да се каже дали се во животна опасност.

Џиновската панда е животно од загрозен вид. Проценето е дека во дивина има само 2 илјади панди, а дека скоро 200 се чуваат заробени во Кина.