Родилката која се обидоа да ја затрујат на ГАК не знаела кој е таткото, оваа ѝ била 7-ма бременост

Обид за подметнување храна со скриени таблети на родилка на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е пријавено од страна на медицинска сестра од Клиниката.

Како што информира МВР, случајот е пријавен синоќа околу 22,00 часот од страна на медицинска сестра од Клиника за гинекологија и акушерство, според која на Клиниката, каде била примена родилка со породилни болки, дошле три машки лица- нејзини познаници, кои и донеле храна, а во сендвичот вработените пронашле четири големи таблети сина боја.

Порталот Newsroom објави дека вчера во Клиниката за гинекологија се случувала вистинска драма откако три непознати лица со закани кон вратарите се обиделе да влезат и да внесат сендвич со 4 големи сини таблети со непозната содржина, до родилка која со породилни болки била сместена таму.

„Во Клиниката била примена родилка со породилни болки при што во нејзина посета дошле три машки лица, нејзини познаници. Тие донеле храна за родилката, а во сендвичот вработените пронашле четири големи таблети со сина боја“, велат од МВР.

Таблетите ги пронашла дежурната медицинска сестра која ја одзела храната од непознатите лица, откако тие насилно се обиделе да влезат, а потоа и го пријавила случајот во полиција.

„Лицата беа исклучително агресивни и насилни кон вратарите и се обидоа да влезат со закани. Им велеа дека ќе ги истепаат ако не бидат пуштени внатре“, изјави за Newsroom.mk директорката на Клиниката, Викторија Јовановска.

Додава дека родилката сега е во стабилна состојба, а ова е нејзина седма бременост. Идентитетот на таткото не е познат, а поради сомнеж на родилката ѝ бил извршен и ХИВ тест, но резултатите сè уште не се готови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.