Родители издрогирале бебе, лекарите се борат за неговиот живот

Лекарите од педијатриската болница во Крагуевац се борат за животот на бебето старо шест недели кое во понеделникот било донесено во тешка здравствена состојба. Во неговата урина било утврдено присуство на метадон, кое најверојатно го добило преку млекото за време на доењето.

Бебето веднаш било реанимирано и приклучено на апарати за вештачко дишење и е сместено во инкубатор.

– Превземени се сите потребни мерки и состојбата на бебето моментално е стабилна. Лекарите не можат се уште да дадат некакви прогнози, рекла потпаролката на болницата во Крагуевац.

Родителите на бебето кои се познати по тоа дека се уживатели на опојни супстанци се задржани во полиција.