Родители на ученици од ОУ „ 11 Октомври “: Жерновски ја опструира работата на училиштетото

Загрижени родители на ученици од основното училиште „ 11 Октомври “ преку соопштение до медиумите информираат за случувањата во училиштето, за кои како што велат, веќе подолго време ја попречуваат работат и функционирањето на истото.

Интегрален текст од соопштението 

-Минатата година по барање на Градоначалникот на Општина Центар беше распишан оглас за назначување на Директор на училиштето во кое се спроведе законска постапка во дадениот рок. Училишни одбор согласно законот предложи два кандидати, господин Васко Лазаревски и госпоѓа Даниела Костадиновска до Градоначалникот кој во законски одредениот рок не одбра ниту еден од кандидатите по што Министерството за образование односно Министерот назначи еден од кандидатите за Директор на училиштето. Од тој ден па навака училиштето е препуштено на немилосрдната политичка машинерија на градоначалниот кој на секој можен начин ја опструира работата на училиштетото и тоа со:

  • Кампања на мобинг помеѓу наставниците
  • Мобилизирање на партиски определени родители кои се во директна комуникација со Градоначалникот и неговите служби за што ви приложуваме докази од емаил коресподенција и официјани писма пратени до градоначалникот без претходно да се разгледани на советот на родители и без притоа советот на родители да заземе било каков став.Дописите до Градоначаникот не се ставови на Советот на родители, туку ставови на поединци инструирани од самиот градоначалник за кое ви доставуваме писмена коресподенцијa.
  • skolo
  • Кратење на сите можни средства што нашите ученици и училиштето треба да ги добиваат од општината согласно законот
  • Неподмирување на тековните трошоци на училиштето
  • Користење на учениците за оставрување на политички манипулации агенди по насока на Градоначалникот
  • Нарушување на воспотно образовниот процес
  • Обиди за мешање во Училишниот одбор кој согласно законот е орган на УПРАВУВАЊЕ во училиштето
  • Оспорување на регуларни тендерски постапки
  • Непочитување на законската регулатива
  • Незаконски разрешување на Директор спротивно назначување на ВД Директор
  • Организирање и мобилизирање на мала група родители за оспорување на одлуките на Училишниот одбор , Советот на родители и сите релевантни со закон поставени тела
  • Обид за промена на Училишниот одбор спротивно на закнот
  • Јавно и незаконски клеветење на членовите на Училишниот одбор како и родителите кои се претставници во училишниот одбор
  • ВД Директорот откако е незаконски назначен секојдневно свикува состаноци, одделенски и наставнички совети за време на настава, им се заканува на вработените и им се дава инструкции за незаконско постапување наместо да се грижи за непречено одвивање на наставата и наставниот процес со што дополнително е загрозена безбедноста на учениците. За време на одржувањето на состаноците учениците се оставаат без надзор на настаници.

На 23/09/2015 година Градоначалникот на Општина Центар донел решение за разрешување на директорот Даниела Костадинова и назначување на ВД Директор Васко Лазаревски и побара спроведување на решението за ВД од страна на Училишниот Одбор. Училишниот Одбор се состана и донесе одлука дека постапката за разрешување и назначување на ВД е направено спротивно на законот за основно образование и тоа член 133 во кој децидно стои дека Градоначалникот на Општината може да разреши и да назначи директор само по предлог на Училишниот одбор и тоа со водење на претходна постапка и со толкување на законот за основно образование УО побара од Државниот просветен инспекторат да направи увид во постапката за разрешување и назначување.

УО од увидот на ДПИ беше известен со записник од направената инспекција од нивна страна во кој стои дека постапката за разрешување е направена спротивно на законот и како таков записникот и целата документација беше доставена до МОН и до сите други релевантни институции кои се надлежни по решавање на тие прашања.

Дополнително назначениот ВД Директор поднел барање до Централниот регистар за добивање решение со кое би се депонирал потпис во министерството за финансии, но поради законските неправилности во постапката врз основ на записникот од страна на ДПИ и немање на правосилност на решението за разрешување неговото решение е оспорено. Поради тие незаконски решенија од страна на градоначалникот на Општина Центар училиштето нема валиден директор ниту пак ВД директор ниту пак потписник за договорите за училишна кујна ,плата за вработените и се друго што е поврзано со нормално функционирање на училиштето.

Денес ВД Директорот Васко Лазаревски спровел незаконска иницијатива за организирање на родителите на бунт со кој се бара исто така незаконски да се променат легано избраните членови а Советот на родители а со тоа и промена на членовите во Училишниот Одбор .ВД Директорот своеволно поставил плакати во училиштето пред вратите на сите паралелки за назначување на нови членови во советот на родители со што крајно го
прекршил законот за Основно образование и незаконски работи на креирање неред, вознемиреност и спречување на наставно образовната програма во училиштето.

За да се ова биде уште толку бомбастично, Градоначалникот на општина центар најавил присуство во Училиштето денес во 17.30 часот се со цел да го потикне и онака незаконското негово работење во изминатите десетина месеци.

Со жалење ја информираме јавноста за сите овие скандалозни и наметнати случувања од страна на Градоначалникот на Општина Центар и бараме итно сите релевантни институции да преземат мерки за спречување на ова самоволие од страна на Градоначалникот на Општина Центар како и иницијатива до Министерството за Образование за преземање на училиштето во негова надлежност се со цел надминување на овие проблеми и непречено функционирање на училиштето со што нашите деца ќе го добијат образованието кое го заслужуваат.