Родители, еве како да не ги разгалите децата

Голем број рoдители премногу им дозволуваат на децата, но тоа е така затоа што се обидуваат да ги заштитат од разочарување и тага. Тешко е да се излезе на крај со детето што навикнало сите други да работат за него, а за да спречите вашето дете да прерасне во еден таков пример, можеби ќе ви помогнат некои од овие совети:

  1. Немојте да им се јавувате повеќе од еднаш наутро за да станат за во училиште. Научете ги да го наместат алармот и сами да стануваат кога ќе бидат доволно возрасни за тоа;
  2. Немојте да ги собирате нивните валкани алишта. Научете ги каде е местото за ставање валкани алишта;
  3. Научете ги сами да расчистат зад себе и да се погрижат за сопствените работи;
  4. Очекувајте од нив да ви помогнат околу местењето на масата за вечера и расчистувањето по јадење;
  5. Немојте да им купувате нешто секој пат кога ќе одите во шопинг;
  6. Научете ги да бидат одговорни кога станува збор за домашните задачи;
  7. Немојте да попуштате кога ќе почувствувате дека се обидуваат да манипулираат со вас со помош на солзи;
  8. Колку е можно почесто дозволете да се случат некои природни нешта. Немојте да интервенирате. Последиците може да бидат одличен начин тие да научат некои работи;
  9. Научете ги како да бидат независни и поттикнете ги да се осамостојат во иднина;
  10. Пред се, треба да го сакате детето и да му дадете до знаење дека сте тука за него. Но немојте да се однесувате кон него како да има три години, ако има 13, затоа што подоцна ќе си имате работа со 20-годишно момче што се однесува како дете.