Родители внимателно: Пефодил постира слики од секс со малолетнички на Фејсбук

силување

Триесет и четиригодишен скопјанец на „Фејсбук“ поставувал слики со содржина од детска порнографија, па така преку профилот Tonyy Montana објавувал слики од сексуални односи кои ги имал со малолетни девојчиња.

Педофилот објавувал слики со експлицитна содржина на профилот, а потоа истите му ги пратил на својот малолетен син во порака на социјалната мрежа.

Родителите на една малолетничка, која била на сликите, го пријавиле случајот.

Против педофилот е поднесена соодветна кривична пријава, а неговиот компјутер, мобилни телефони и поголем број ЦД-а се одземени и предадени на понатамошно истражувања.

Полицијата се соменева дека пријавениот во повеќе наврати имал сексуални односи со малолетнички кои ги фотографирал.

Министерството за внатрешни работи упати апел до сите родители доколку забележат на социјалните мрежи на нивните деца се забележани сомнителни пораки веднаш да пријават.