Родителите на Белона засрамени од својата ќерка

Oткако светските медиуми ја почестија со титулата за најлошо облечена на доделување на „Американските музички награди“ во Лос Анџелес, албанската пејачка Блеона Черети (29) преку социјалните мрежи одлучи да го промовира својот нов сингл „F… you I am famous“.

Оваа атрактивна Албанка која живее во САД од 2009 година и самата е свесна дека мрежестиот проѕирен фустан со кој се појави на црвениот килим пред одржувањето на церемонијата на „АМА“ наградите во Нокиа театарот, не бил нејзин најдобар моден избор, но таа го доби тоа што го сакаше, а тоа е внимание.

bleona-quereti-american-music-awards-amas-459475170-418x630

Со нејзината разголена појава на црвениот килим не се задоволни само нејзините родители.

– Не сакаат да излезат од дома. Кога им реков дека е добро бидејќи се пишува за мене во светските медиуми тие ми рекоа: „За што зборуваш? Па ти беше гола вчера“ – признала Блеона.

За мрежестиот фустан под кој носеше танга, а горе не носеше градник биле потребни пет часа да се изработи.

– Фустанот е шиен според моето тело и е дело на дизајнерот Шал Дориз – откри пејачката. Таа додаде дека фустанот и не бил пријатен за носење, но добро послужил за нејзината промоција во светот на шоубизнисот.