Родителите на Дениса ги добија резултатите од Судска медицина

Министерството за здравство соопшти дека денеска ги доби резултатите од иследувањата на Институтот за судска медицина во врска со случајот на Дениза Маркоска, и за истите го известило и семејството.

Од Министерството додаваат дека заради заштита на приватноста и почит кон семејството, оставаат тие да одлучат дали за резултатите ќе биде информирана јавноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.