Родителите на Лубиц дошле да го превземат телото, а полицијата ги одвела на испрашување

Родителите на копилотот Андреас Лубиц, за кој постои сомнение дека намерно предизвикал смрт на 150 лица, дознаа за неговата улога во несреќата кратко пред истражните органи да ги објават информациите пред целиот свет.

Според изјавите на сведоците, веста ги шокирала и ги вџашила. Кога тие пристигнале на местото на несреќата, истражителите ги одвоиле од другите роднини на настраданите и ги предале на жандармријата на испрашување.

Семејството Лубиц се добро ситуирано семејство чијшто дом во Монтабаур вреди половина милион евра. Неговиот татко е успешен бизнисмен, а неговата мајка е професорка по клавир.

Истрагата засега верува дека трагичната несреќа била предизвикана од Лубиц, кој го искористил мигот кога пилотот излегол од пилотската кабина за да оди до тоалет, потоа се заклучил во кабината и потоа го насочил авионот во сигурна смрт за него и за останатите патници.

На снимките од црната кутија може да се слушне капетанот како тропа на вратата на пилотската кабина и го моли Лубиц да го пушти внатре. Лубиц, од другата страна на вратата, цело време молчел, додека авионот се спуштал.

Според истите снимки може да се забележи дека патниците не биле свесни за опасноста во која се наоѓаат се до последните мигови на летот, кога може да се слушнат крици.

Иако пријателите на Лубиц тврдат дека тој во последните денови пред несреќата се однесувал нормално и дека не бил депресивен, неговите колеги од пилотската академија откриваат дека во 2009-тата година тој ги прекинал студиите на неколку месеци затоа што не се знашол со поинтензивната програма за тренингот и почнал да пати од депресија.

Доколку актуелната верзија на настаните се покаже како вистинита, тогаш тоа би значело дека се работи за идентична авионска несреќа со онаа што се случи во ноември 2013-та година на летот LAM 470 од Мозамбик.

Истрагата која работеше на тој случај верува дека пилотот на тој авион го забил леталото во земја откако копилотот отишол во тоалет. Снимките од црната кутија исто така содржеле морничаво тропање на вратата на кабината, со молби на копилотот да го пушти внатре.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.