Родителите на напуштеното бебе пронајдени, полицијата најавува кривични пријави

Полицијата ги пронајде родителите на бебето кое завчера вечер беше пронајдено на автомобил во центарот на Скопје.

Според полицијата, драмата околу грабнувањето на седуммесечното бебе почнало во саботата околу 23,30 часот  на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Мајката на полицијата и’ раскажала дека таткото на бебето со кого живеела во вонбрачна заедница ја наговарал да му го даде седуммесечното девојче и со него да питачи по скопски кафулиња. Кога таа одбила бидејќи тој бил пијан и’ го грабнал детето од раце и побегнал.

Жената почнала да вреска и да бара помош, притрчало и обезбедувањето на околните кафулиња, но И.Р. побегнал со детето в раце. Половина час подоцна бил забележал од група млади кои седеле во кафулето „Форум“ на улицата Никола Вапцаров. Младите се посомневале дека нешто не е в ред кога го забележале И.Р. како со качулка на главата и дете в раце трча по улицата, веднаш викнале по него и се обиделе да го запрат. Во паника мислејќи дека полицијата веќе го бара, И.Р. го фрлил детето на автомобилот и побегнал.

Луѓето кои што се нашле во близина веднаш повикале полиција и Брза помош, по што седуммесечното девојче е пренесено на Детската клиника.

Грабнувањето на доенчето мајката А.Х. (30) во полицијата го пријавила дури следниот утро околу 23 часот.

Несовесниот татко денеска беше приведен во полициска станица и против него се најавени три кривични пријави за запуштање малолетно лице, тешка повреда при вршење семејство насилство и загрозување на сигурност. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.