Родителите го оставиле синот во болница, 13 месеци никој не го посетил

Во дестката болница во Нови Сад пред 13 месеци бил примен 4-годишниот М.К., а детето никој не го посетил откако е примено во болницата. Момчето боледува од повеќе болести уште од раѓање, а со оглед на тоа што родителите не водат грижа, на него се сожалуваат другите луѓе што ја посетуваат болницата, пишуваат српските медиуми.

Лежев летото со ќерката во болницата и кога ја видов ситуацијата во која се наоѓа момчето, му купив облека и храна. Кога излеговме од болница продолжив да му носам храна, но по некое време ни беше забрането да го посетуваме затоа што не сме му роднини, раскажува една мајка која барала да остане анонимна.

Таа додава дека никој од семејството не се интересирал за момчето, а тоа неофицијално го потврдуваат и вработените во болницата.

Една жителка на Нови Сад, која во моментов работи во Франција, а која исто така побарала да остане анонимна, затоа што нејзиното дете се лекува во истата болница дури сакала да го посвои детето. Но, како што појаснува социјалните работници не дозволиле затоа што на детето му треба специјализиран старател, а таа ги нема тие услови.

Директорот на детската болница Д-р. Слободан Гребелингер вели дека се случува родителите да ги остават децата и да не се вратат.

Поради таквите случаи ги викаме социјалните работници, но нашата работа е само да ги лекуваме дечињата, а тие се грижат за останатото. Постојат родители што имаат повеќе деца, па не доаѓаат често в посета, вели тој и додава дека поради заштитата на правата на пациентите несмее да ги коментира конкретните случаи на оставените дечиња.