Родителите отишле на забава, синот го чувал бернандинец!

Дури пет години затвор и се заканува на една брачна двојка од Полска, затоа што заминале на забава кај пријателите, а нивниот тригодишен син го оставиле во сигурните шепи на нивниот бернандинец.

Минатиот викенд сосетката слушнала плач, а кога отишла во ходникот да види што се случува наишла на отворена врата во станот и тригодишното дете во солзи седело со кучето и ги чекало родителите, пишува Бета.

Полицијата повикала итна помош и детето било пренесено во болница на преглед.

Родителите биле најдени дури по два часа, пијани кај нивни пријатели каде отишле на забава, сигурни дека нивното дете е во сигурни раце, односно шепи.

Кога се отрезниле, родителите биле обвинети за занемарување на детето, зашто, според законите во Полска им се заканува казна и до пет години затвор.