Роднина на Скрипал тврди дека зборувала со Јулија Скрипал

Внука на поранешниот полковник на руското воено разузнавање ГРУ, Сергеј Скрипал, тврди дека зборувала по телефон со неговата ќерка Јулија, којашто излезе од кома откако на 4-ти март со татко ѝ беше отруена со нервен агенс во јужниот англиски град Солсбери, пренесе во четвртокот телевизијата Россия 1.

Во текот на програмата „60 минути“ беше емитувана снимка од разговорот, кој во редакцијата го предала Викторија Скрипал. Според водителот, автентичноста на аудио записот засега не е потврдена.

На снимката Викторија Скрипал разговара за жена којашто се претставува како Јулија Скрипал. Соговорничката кажува дека „со неа се’ е добро“. Викторија ѝ вели дека доколку добие виза ќе отпатува во Лондон во понеделник. На тоа другата соговорнича одговата дека „виза нема никому да дадат“.

Според жената, којашто се претставува како Јулија Скрипал, состојбата на Сергеј Скрипал е „нормална“ и „закрепнува, живнува“ „Тој сега се одмора, спие. Здравјето е сега добро Кај никој (од двајцата) нема проблеми кои не можат да се поправат. Наскоро ќе излезам“, вели жената.

Викторија Скрипал претходно вечерта во средата за јавниот сервис изјави дека планирила да отпатува во Лондон и оти побарала британска виза, но оти не е сигруна дека британските власти ќе ѝ дозволат да ги види својата братучека Јулија и нејзиниот татко.

„Во моментов имам само една цел: да одлетам таму и да ја земам Јулија, барем Јулија“, рече додавајќи дека триесет и тригодишната никогаш не се занимавала со политика. „Со Сергеј е многу посложено“, додаде.

Рече и дека британските власти не ѝ гарантирале дека ќе може да ја види Јулија, дури и доколку дојде во болницата, како и дека тоа зависи од Јулија.

Јулија, според BBC, е „при свест и разговара“, додека Сергеј е во потешека состојба од неа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.