Роднините на трите умрени бебиња: Беа донесени уште 4 мртви бебиња на Патологија!

Роднините на трите бебиња кои умреа на скопска Гинекологија излегоа со шокантни тврдења и бараат одговорност за големата трагедија.

Тие велат дека освен нивните три бебенца, за само една иста вечер, на Патологија биле донесени уште 4 други мртви новороденчиња.

-За овој случај треба бездруго да се алармира, за во иднина да не се повтори со загуба на човечки животи. За време на нашиот дводневен престој таму ние констатиравме дека Клиниката за Гинекологија нема доволно капацитет за третирање на поголем број новороденчиња. Има недостиг на инкубатори и друга опрема. Се надеваме дека Министерството за здравство ќе направи испитување за овој случај, но и за други случаеви, затоа што видовме дека во патологија беа донесени и четири други мртви новороденчиња во една вечер. И органите за внатрешни работи треба да ги истражат овој случај, а ние како роднини чекаме некој да сноси одговорност за овој случај, затоа што се сомневаме дека не е даден соодветен и правилен третман, а како резултат не оваа негрижа овие новороденчиња починаа,  велат во изјава за „Газета експрес“ роднините на починатата тројка.

Семејството во голема тага и болка излезе со директни обвинувања, но надлежните останаа глуви за нивните барања. Ниту премиерот Зоран заев, ниту министерот за здравство Арбен Таравари, а ниту директорката на ГАК Викторија Јовановска, која е блиска до семејството Заеви не прифаќаат одговорност!

Група револтирани и разочарани граѓани вчера пред Министерството за здравство протестираа и побараа одговорност и оставка од министерот Арбен Таравари и директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска.

-Ветуваа многу, а што добивме? Три мали животчиња да одат? Луѓе тоа никаде го нема во светот. На крајот кажува дека ќе викнеле комисија. Каква комисија?, прашуваат Лидија Стаменкова и бара од Таравари и Јовановски веднаш да си поднесат оставка.

Вели дека за сите три бебиња да починат нешто морало да затаи, а ако затаило, тогаш мора да се најде кој е одговорен, а не, како што рекоа, да ја шуткаат топката натаму-наваму.

Порачува дека министерот треба да рече „не сум способен, станувам и си одам“, а со него да си оди и директорката на ГАК.

-Луѓе, доста ни се прикаски. Нека станат и нека се фатат за работа, а ќе се работи со добри кадри. Имаме ние добри кадри, не се сите кадри шупливи. Нека се најдат способни кадри, рече Стаменкова.