Родољуб Миловиќ на полиграф

Началникот на Управата на криминалистичката полиција (УКП), Родољуб Миловиќ денеска ќе биде испитан на полиграф, соопшти министерот за полиција на Србија, Небојша Стефановиќ.

Министерот додаде и дека е формирана работна група која ќе ги испита наводите кои ги искажа Дарко Шариќ во текот на судењето во своја одбрана.

„Тоа покажува дека не сакаме работите да ги туркаме под тепих и дека никој нема да биде заштитен“, рече министерот Стефановиќ.

Обвинетиот за шверц на повеќе тони кокаин, Дарко Шариќ, во своја одбрана рече дека т.н. „Генерал Папаја“ е всушност началникот на УКП, Родољуб Миловиќ.