недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Родова еднаквост цела година, не само на 8 март

1111111

Последни вести

Потребно е да се работи на родовите прашања во текот на целата година, а не само на Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Ова е заклучокот од денешната национална конференција за одбележување на дестгодишнината од донесувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите „Финансирање за родова еднаквост и Агендата 2030“.

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски на сите жени им го честот денешниот празник и повика да продолжи борбата за женските права за подобра позиција на жената во општеството.

– Министерството за труд и социјална политика, Секторот за еднакави можности, УНДП, Канцеларијата на UN Women во Македонија со месеци ја подготвуваа оваа конференција со цел да го стават акцентот на политките за жените и за да го одбележиме донесувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите, кој обезбедува законска рамка и овозможува почетна позиција за обезбедување на правата на жените, рече Ташевска Ременски.

Таа се осврна на неколку прашања, за неплатената прекувремена работа, пред се на текстилните работнички во Република Македонија, за правото жените да одлучуваат за бројот на родени деца, на Законот за абортус кој, како што рече, наиде на голема општествена и стручна критика.

Ташевска Ременски ја истакна потребата од поголемо синдикално организирање во Република Македонија, а зборуваше и за флексибилно работно време на работничките кои имаат мали и малолетни деца, за поголема грижа во градинките и во сите институции кои згрижуваат деца. Според неа, потребно е да им се овозможи социјална поддршка, грижа, сервис и услуга на самохраните родители кои, како што рече, имаат потреба од дополнителна грижа.

Одговарајќи на прашање таа рече дека потребно е вклучување на поголем број жени во институциите, поголема грижа за нив, за нивната застапеност во извршната  и во локалната власт и на сите нивоа, каде тие одлучуваат, за своите права и за правата на другите.

Луиза Винтон, постојан координатор на Обединиетите нации истакна дека најголемиот предизвик кој постои во Македонија е да се намали јазот кој постои меѓу правната, нормативната и реалната состојба во животот.

– Постои разлика од 18-19 проценти во платите меѓу мажите и жените кои ја извршуваат истата работа. Исто така постои јаз од 30 проценти во учествотото на пазарот на трудот меѓу мажите и жените. И она што е најголем проблем во државата е тоа што жените извршуваат најголем дел од работата која ја нарекуваме неплатена, односно скоро дупло работни часови жените изведуваат во вршење грижа за деца, за постари лица, рече Винтон.

Според неа, потребно е да се насочат финансиските средства кон подобрување на оваа ситуација.

– Тоа не значи дека треба да се насочат повеќе пари, туку во рамки на буџетот да се изнајдат средствата и да се насочат кон основање на повеќе институционални начини според кои ќе се овоможи грижа на децата и на старите лица, рече Винтон.

Даниела Рангелова, претседател на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите истакна дека целта на Законот за еднакви можности на жените и мажите е промовирање на принципот на воспоставување еднакви  можности за жените и мажите, во политичката, економската, социјалната, образовната област…

Според неа, во момонтов во нашето општество постои говор на омраза и изрази загриженост.

– Можам да разберам, таква е политичката состојба. Станавме едно поларизирано општество во кое само се случуваат политички препукувања, а проблемите на жените се пикнаа под тепих. Говорот на омраза спрема жените треба да престане. Без разлика на која политичка партија припаѓаат, без разлика на етничка и верска припадност. Сите сме жени. Немојте никогаш да навредите жена, без разлика дали вие се согласувате со неа или не, рече Рангелова.

Најчитани вести