Родовата еднаквост, најновото лажно ветување на Заев

Во предизборието, пред да биде востоличен за премиер, Зоран Заев, меѓу другите ветувања, го даде и она за поголемо учество на жените во распределбата на водечките должности во општеството. Меѓутоа, за жал, како што и досега се покажа – на ветувањата дадени од лидерот на социјалдемократите малку кој уште им верува.

Кога во средата Заев се сретна со Марија Ноел Ваеза, директорка на Програмата за жените на Обединетите нации, оддел за родова еднаквост и зајакнување на жените, со полна уста зборуваше за унапредување на улогата на жените во општеството, како и за значајноста на прашањето за обезбедување родова еднаквост. Притоа, владината служба за односи со јавноста истакна дека била „поздравена насоченоста на премиерот Заев и на новата Влада за имплементација на родовата еднаквост во генералните политики“?!.

„Доказ за тоа се бројните мерки во Програмата на Владата, со што обезбедуваме еднакви можности за жените и за мажите во општеството, преку еднаков пристап до платена и пристојна работа, како и зајакнување на институционалната грижа во семејствата со цел еднаква распределба на домашните обврски меѓу жените и мажите“, рече Заев на средбата со Ноел Ваеза откако со пофали со најблиската соработничка „на раководна позиција во одбраната“ и на соговорничката ѝ вети вклучување на жените и на други значајни општествени позиции.

Покрај големите забелешки за неговите кадровски решенија од редовите на неговите довчерашни подддржувачи и сопартијци, Заев сега е подложен на критики порати неговите неконтролирани изјави и откако во ист ден зборува за рамноправноста на жените во општеството, а на предлог листата на СДСМ за заменици министри не фигурира ниедна жена. Најверојатно жените во СДСМ „се потрошија“ со Шекеринска-Јанковска, Царовска, Дескоска и позајмената од НСДП Апостоловска.

Фразите за правата на жените, така, се покажаа како празна предизборна реторика или читање на однапред напишаните говори. Но, зачудува што ваквата практика на Заев не наидува барем реакција од неговите сателитски НВО-а кои грдни средства во десетици милиони долари изброени потрошија изминативе години на пропаганда, проекти, флаери, обуки, трибини и што уште не, посветено наводно на половата еднаквост. А СДСМ, сепак, нема ниту една жена од своите редови предложено за заменик министер, а, според се’ судејќи, нема да има кандидатка ниту за претстојните локални избори за градоначалници, или ќе ги има на сигурно губитничките места.

Ддоколку се погледнат предлозите за заменици на владата каде што фигурираат Оливер Ристовски, Кире Наумов, Власте Димковиќ, Дејан Павлески, Владимир Лазовски, Александар Бајдевски и Јани Макрадули, и покрај внимателното препрочитување не може да се препознае жена. Но така стојат работите со Зоран Заев и неговата влада, и веќе јавноста се навикна дека она што премиерот ќе го каже претпладне, одвај издржува до пладне да не се демантира самиот себеси. А од неговите рози на жените ќе им останат само трењето