Родригез доби предност пред Бенега

Решени се сите дилеми и кога е во прашање конечниот список со 23-фудбалери кои ќе ја имаат таа чест да го носат репрезентативниот дрес на Аргентина на престојниот Мундијал во Бразил.

Предводникот на популарните “гаучоси”, Алехандро Сабела, пред неколку часа ја реши последната дилема, откако потврди дека предност ќе му даде на Макси Родригез, а неговиот тимски колега од редовите на Њњувелс Олд Бојс, Евер Бенега ќе мора од дома да ги следи натпреварите на Светското првенство во Бразил.
Големиот фаворит за светската титула ќе се натпреварува во групата “Ф” каде за противник ги има репрезентациите на Иран, Нигерија и БиХ.

СОСТАВ:
ГОЛМАНИ: Ромеро (Монако), Андухар (Катанија), Орион (Бока Јуниорс). ОДБРАНА: Забалета (Манчестер С.), Фернандез (Наполи), Гарај (Бенфика), Ројо (Спортинг Л.), Кампањаро (Интер), Демикелис (Манчестер С.), Басанта (Монтереи). СРЕДЕН РЕД: Маскерано (Барселона), Гаго (Бока Јуниорс), Биља (Лацио), Алварез (Интер), Фернандез (Селта), Ди Мариа (Реал М.), Родригез (Њувелс), Перез (Бенфика). НАПАД: Меси (Барселона), Игуаин (Наполи), Агуеро (Манчестер С.), Паласио (Интер), Лавеци (ПСЖ).