Родригез и официјално го облече кралскиот дрес

За неколку часа, во официјалната ложа на фудбалскиот храм “Сантијаго Бернабеу”, најдобриот стрелец на последниот Мундијал во Бразил, репрезентативецот на Колумбија, Џејмс Родригез и официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на актуелниот европски клупски шампион Реал (М).

Младиот играч за врска прво ги помина задолжителните лекраски прегледи, а потоа го потпиша понудениот 6-годишен договор кој му гарантира и годишна заработувачка од 7 мил. евра.

За да ги осигураат услугите на сега веќе поранешниот фудбалер на францускиот прволигаш Монако, челниците на “кралскиот клуб” мораа да го исплатат побараното обештетување од 80 мил. евра.