Родригез уште 4 години во Волфсбург

Дефанзивецот на Волфсбург, Рикардо Родригез, кој беше желба на неколку големи клубови го продолжи договорот со овој бундеслигаш на уште четири години.

Искусниот Швајцарец кој играше на Мундијалот во Бразил е во одлична форма од почетокот на сезоната.

Одбранбениот фудбалер му помогна на Волфсбург да стигне до второто место на табелата.

Родригез, кој во 2012-та година му се придружи на тимот на Волфсбург од Цирих, важи за еден од најдобрите дефанзивни играчи во Бундеслигата.

Фудбалскиот репрезентативец на Швајцарија за клубот постигна 8 погодоци со 16 асистенции и 87 одиграни натпревари вклучувајќи три гола оваа сезона.