Родриго е желба на најголемите од англиската Премиер лига

Иако до пред неколку дена, Ливерпул важеше за најголем фаворит, сега најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед ја има пол позицијата кога е во прашање потписот на шпанскиот интернационалец од редовите на португалскиот гигант Бенфика, Родриго  Морено.

Новиот менаџер на„црвените ѓаволи”, Дејвид Мојес, веќе ги информирал клупските челници дека има потреба од еден таков напаѓач и дека истиот може да биде идеална замена за холандскиот интернационалец Робин Ван Перси кој се’ почесто е повреден.

Челниците на португалскиот клуб се подготвени да седнат на преговарачката маса, но истите очекуваат официјална понуда за 23-годишниот напаѓач не помала од 35 милиони фунти.

Фудбалските медиуми на Островот се убедени дека до стартот на летниот преоден рок, интерес за напаѓачот на Бенфика ќе покажат и раководните лица на Манчестер Сити, Челзи и на Тотенхем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.