Спорт

Родриго се поблиску до Енфилд

Родриго се поблиску до Енфилд

Предводникот на португалскиот гигант Бенфика, Жорге Хесус, ја потврди пласираната информација дека англискиот премиерлигаш Ливерпул најверојатно ќе биде следната дестинација на шпанскиот интернационалец, Родриго Морено.
Англиските медиуми пред неколку дена ја пласираа информацијата дека раководните лица на Ливерпул на стартот од летниот преоден рок ќе испратат понуда за 23-годишниот напаѓач на Бенфика и дека истата нема да биде помала од 25 мил. фунти.
“Родриго желба на Ливерпул? Тоа е нешто нормално. Секој фудбалер на Бенфика е жалба на најголемите клубови од Европа. Португалската лига е полна со квалитетни фудбалери и нормално дека истите се желба на најголемите клубови од Европа. Родриго игра во топ-форма и нормално дека за неговите услуги интерес покажаа и раководните лица на Ливерпул”, изјави Хесус.