Роџерс го осуди дивиот старт на Самуе Ето

За разлика од Мурињо, кој удри со дрва и камења по Луис Суарез, менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс остро го критикуваше главниот судија Хауард Веб и кемрунскиот интернационалец, Самуел Ето.

„Точно дека постигнавме погодок после тој прекршок, но тука станува збор за насилен, груб прекршок. Ето стартуваше врз коленото на Хендерсон и за таквиот прекршок не доби ниту жолт картон. Не знам зошто не доби жолт картон, не нема да го коментирам судењето на Веб, кој според мене е одличен судија, судија од светска класа”, изјави менаџерот на Ливерпул.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.