Роџерс како да има змија во џебовите

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс откри дека нема толку брзо да ги потроши сите пари кои клубот ги има заработено од продажбата на контроверзниот репрезентативец на Уругвај, Луис Суарез.

Брзоногиот напаѓач за 88 мил. евра беше продаден на каталонскиот гигант Барселона, а вицешампионот на Англија веќе ги осигура услугите на Рики Ламберт, Адам Лалана, Лазар Марковиќ и Дејан Ловрен.
“Точно дека сакам да ангажирам уште неколку фудбалери кои играат на различни позиции. Ливерпул ја има потребната финансиска моќ, може да потрошиме сериозна парична сума за време на летниот преоден рок, но јас нема да се расфрлам со пари. Ако треба, ќе чекам до зимскиот преоден рок. Нема потреба од никакво брзање, се ќе си дојде на своето место. Јас сум задоволен од тоа што моментално го имам на располагање, моите фудбалери се во фантастична кондиција, работат напорно за време на секој тренинг”, изјави Роџерс.