Роџерс: Ливерпул не е конкуренција на Челзи и Манчестер С.

Прв кој се откажа од борбата за шампионската титула во англиската Премиер лига е менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс.

Предводникот на „црвените” изјави дека неговиот тим не може да му конкурира на најголемите фаворити за шампионската титула, тимовите на Манчестер Сити и Челзи.

„Премногу е рано за да изјавам или да верувам дека Ливерпул може да биде дел од борбата за шампионската титула. Во живо го гледав последниот дерби дуел помеѓу екипите на Манчестер Сити и Челзи. Играа два тима, кои имаат состав кој е граден неколку години и можам слободно да кажам дека не можеме да им конкурираме. Да, ќе кажам дека не можеме во актуелната сезона, не можеме да се носиме со Челзи или Манчестер Сити”, изјави Роџерс.