Роџерс не сака да признае дека Џерард е најголемиот виновник

Иако играше на домашен терен, ја имаше подршката на најверните фанови, неговиот тим игра во фантастична форма и гостинот настапи со втор тим, менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс вината за тешкиот пораз во можеби најважниот натпревар во актуелната сезона ја лоцира кај контроверзниот менаџер на Челзи и во неговата дефанзивна тактика.

„Едноставно кажано, не можевме да го најдеме патот до противничката мрежа. Челзи не паркира еден автобус, паркира два пред сопствениот гол. Жозе е најзаслужен за победата на Челзи, благодарение на неговата тактика Челзи победи на “Енфилд”. Противникот одигра спротивно од нас. Не е тешко да се биде менаџер на еден тим кој се брани со 10 фудбалери”, изјави Роџерс кој немаше храброст да признае дека капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард е највиновен за непријатниот пораз и дека неговите напаѓачи не може да излезат на крај со 20-годишниот дефанзивец на Челзи, Томаш Калас кој го одигра првиот натпревар во англиската Премиер лига.