Спорт

Роџерс застана во одбрана на Луис Суарез

Роџерс застана во одбрана на Луис Суарез

Ново продолжение на вербалната војна помеѓу менаџерите на Челзи и Ливерпул, а сега главниот збор го има предводникот на “црвените”, Брендон Роџерс, кој јавно го критикуваше својот колега, Жозе Мурињо поради невкусните коментари посветени на ургувајскиот интернационалец, Луис Суарез.

„Не станува збор за некаков акробатски потег, или глума од страна на Суарез. Тоа ќе го каже секој кој го следел тој натпревар, но мојот напаѓач е постојана мета на секој дефанзивец. Дали не е така? Поминавме и низ тој период кога сите изјавуваа, кога сите го напаѓаа дека постојано глуми и дека без контакт паѓа во противничкиот казнен простор. Добив впечаток дека само Суарез го прави тоа и никој друг. Суарез беше фаулиран од фудбалер кој немаше никаков контакт со топката”, изјави Роџерс.