Роел Шпее од ИБМ: Македонија стана препознатлива земја за странски инвестиции

Извештајот на ИБМ постои веќе веќе 10 години на пазарот и е ден од ретките кои навистина се фокусира на реалистичните резултати. Ова се податоци од реалниот живот и откако го објавивме јас имав низа на јавувања од компании кои сега се заинтересирани за Македонија како инвестициска дестинација, вели за Економски.мк лидерот на извештајот за локациски трендови за инвестиции на ИБМ, Роел Шпее.

Македонија втора последователна година е на првото место во светот по број на новотоворени работни места од директни странски инвестиции по глава на жител.

ЕКОНОМСКИ: Како го изготвувате извештајот?

ШПЕЕ: Извештајот на ИБМ за глобалните локациски трендови ги регистрирра објавите на компаниите кога конечно одлучуваат да воспостават нова операција во конкретна земја. Ние го мериме перформансот на земјите на таа основа, конкретно во однос на креирањето на работни места и Македонија во 2015 привлече над 6000 нови работни места од нови странски инвестициски проекти кои одлучија да дојдат и ако тоа го споредиме со бројот на населението, тогаш земјата привлекла по 2900 работни места на милион жители. Со тоа Македонија е на првото место на листата, глобално, ако ја споредиме со сите други земји ширум светот.

ЕКОНОМСКИ: На што се должи ваквиот успех на Македонија ?

ШПЕЕ: Ова е секако многу силен резултат и ако земете предвид дека ова е втора година по ред како Македонија избива на првото место, тоа потврдува дека Македонија сега е локација која е препознаена од компаниите, прифатена како добра бизнис локација инаку не би била прва две години по ред. Мислам дека две од силните страни на Македонија се, најпрво, оперативните трошоци на компаниите таму, трошоците за труд се се уште многу конкуретни во европски контекст, корпоративното оданочување е се уште многу конкурентно, значи тоа е од финансиска перспектива многу интересно за компаниите. Но, исто така важно е што работната сила е добар квалитет, компаниите кои инвестираа во Македонија изминативе години се успешни, имаат задоволителни резултати и повеќе од нив веќе реинвестираа во земјата и тоа потврдува дека се доста задоволни со квалитетот на работната сила, техничките вешитни кои ги има во земјата и продуктивноста на работната сила. Тоа се многу силни точки и, морам да кажам, згора на тоа она што мислам дека помогна многу е што македонската влада или организацијата за промоција на инвестициите сработија многу добра работа во последните пет и повеќе години за да ја изрекламираат локацијата како потенцијална бизнис локација и тоа го правеа доста агресивно. Како резултат на тоа многу компании сега се свесни за Македонија, имаат некаква перцепција за македонската деловна средина и откако голем број на компании сега веќе имаат инвестирано со големи проекти таа позитивна порака се повеќе се шири. Мислам дека тоа помогна многу за да се добие ваков силен резултат.

ЕКОНОМСКИ: Колку овој рангирање може да придонесе за натамошно ширење на таа порака, дали извештајот е често разгледуван од компании кои бараат локации за инвестиции?

ШПЕЕ: Дефинитивно ќе придонесе. Овој извештај постои веќе 10 години на пазарот и е ден од ретките кои навистина гледаат во реалистичните резултати. Ова не е теоретска, академска вежба, туку е истражување базирано на одлуките кои ги носат компаниите и работните места кои објавуваат дека ќе ги отворат во различните земји, така што ова се податоци од реалниот живот и компаниите го читаат овој извештај. Откако го објавивме пред 4 или 5 недели јас имав низа на јавувања од компании кои беа заинтересирани. Тие коментираа дека можеби треба да ја земат Македонија во предвид сега. Значи тие препознаваат дека Македонија има силен резултат две години по ред и оние компании кои не ја знаат Македонија се уште ова помога да се стави земјата на мапата. Некои компании ми го кажаа токму тоа, дека можеби треба да го разгледаат тој дел од светот и конкретно Македонија за нивните идни инвестиции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.