Рогозин: Ширењето на НАТО на Балканот е опасен процес

Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин во интервјуто за „Политика“ вели дека Русија има негативен однос кон ширењето на НАТО на Балканот и дека истото го гледа како „опасен и провокативен процес“, пренесува „Танјуг“.

Тој вели дека ширењето на НАТО во Црна Гора и потенцијално во Македонија кај Русија предизвикува сериозни прашања.

Ние на тоа ширење гледаме како на опасен и провокативен процес и секако неможеме а да не реагираме. Се однесуваме кон тоа категорично негативно. Сметаме дека и ширењето во Словенија и Хрватска беше негативно дејствување. А ширењето во Црна Гора и потенцијално во Македонија, кај нас предизвикува сериозни прашања, вели Рогозин.

Рогозин: Ширењето на НАТО на Балканот е опасен процес
Рогозин: Ширењето на НАТО на Балканот е опасен процес

Се вели дека НАТО не се заканува никому, дека тоа е одбранбен сојуз и дека пристапувањето ќе им донесе на тие држави повеќе безбедност. Тоа се познати пропагандистички формули. Нивната пропаганда има за цел да го ослаби вниманието кон оние проблеми што реално ги предизвикува ширењето на НАТО. Дали испораката на балистички ракети ќе и донесе на оваа земја повеќе безбедност, прашува тој.

Тој рече дека шрењето на НАТО во Црна Гора според Русија е неприфатливо.