Рохо сепак ќе заврши во Манчестер Јунајтед

Левиот бек на Спортинг, Маркос Рохо признава дека е пред трансфер во Манчестер Јунајтед.

Минатата недела ’Црвените Ѓаволи’ доставија понуда вредна 20 милиони евра но таа сума не беше доволна за раководните луѓе од Спортинг да се откажат од Аргентинецот.

Клубот од Лисабон сепак тешко ќе одолее пред налетите на Јунајтед, а последните извештаи велат дека преговорите се во завршна фаза и најверојатно во текот на денот ќе пристигне официјална потврда за зделката.

Се говори дека за услугите на Маркос Рохо, Спортинг ќе добие 20 милиони евра, а како дел од зделката на едногодишна позајмица во Лисабон ќе пристигне и Нани.

Во меѓувреме, репрезентативецот на Аргентина во разговор со Radio Continental призна дека кариерата ќе ја продолжи на Олд Трафорд.

„Сон е да се игра за Манчестер Јунајтед и горд сум што ми се укажува прилика да соработувам со Ван Гал” – вели Рохо. „Не ми беше лесно да го напуштам Спортинг”.