Ројо нова бековска опција во ПСЖ

Најбогатиот клуб во француската Прва лига, тимот на ПСЖ, најверојатно ќе излезе како победник во трката по потписот на стандардниот првотимец во дресот на португалскиот прволигаш Спортинг од Лисабон, Маркос Ројо.

Понуда за дефанзивецот веќе испратија и раководните лица на Барселона, Ливерпул и Монако, но Ројо најзагреан е за таа на старо-новиот шампион на Франција.

Од продажбата на аргентинскиот интернационалец, вицешампионот на Португалија очекува заработувачка од најмалку 10 мил. евра.