Ројс е желба на најбогатите клубови од Европа

Дирк Хебел, агентот на најдобриот фудбалер во дресот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Марко Ројс, откри дека неговиот клиент е желба на најголемите и најбогатите клубови од Европа.

Репрезентативецот на Германија има договор со Борсуија од Дортмунд до 2017 година, но на крајот од новата сезона се активира клаузулата во неговиот договор дека може да си замине од Дортмунд ако заинтересираниот клуб испрати официјална понуда не помала од 35 милиони евра.

„Марко може осетно да го засили секој клуб од Европа. Сосема е нормално што мојот клиент има добиено понуди од најбогатите, најголемите клубови од Европа. Сите се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, во овој момент, за Макро приоритет е рехабилитацијата од последната повреда. Сака да се врати на фудбалскиот терен што е можно побрзо. Марко е фокусиран само на овој проблем”, изјави Хебел.

Младиот играч за врска веќе подолг временски период важи за голема желба на Баерн (М), Барселона, Реал (М), Манчестер Јунајтед и Ливерпул.