Ројс: Санкциите не ја загрозуваат изградбата на Јужен тек

Санкциите кои Европска Унија (ЕУ) ги спроведува против Русија нема да пречат за да се реализира планот за изградба на гасоводот Јужен тек. изјави директорот на австриската енергетска група ОМВ, Герхард Ројс.

„Не гледам дека сенакциите ќе имаат некакво влијание“, рекол Ројс во интервју за австрискиот магазин „Профил“.

ОМВ во јуни договор со „Гаспром“ за придружување кон изградбата на Јужен тек на територијата на Австрија, а Ројс рече дека е сигурен дека Брисел ќе го прифати гасоводот и покрај забалершките кои ви имаат властите во ЕУ.

„Европа би нанела сама на себе штета ако ја спречи изградбата“, додава Ројс.

Владмир Чизов, постојаниот претставник ан Русија во ЕУ, претходно рече дека нема пречки за да се реализира проектот Јужен тек и покрај воведувањето на новиот пакет санкции против Москва.

Предвидено е делот на Јужен тек, од компресорската станица „Рускаја“ во Русија до бугарската во Варна да биде пуштена во употреба до крајот на 2015 година, а нејзиниот капацитет да биде од 63 милијарди кубни метри.

Според плановите, австриската секција на Јужниот тек треба да биде изградена во 2016 година и првата количина на гас да ја испорача во 2017 година.