Македонија

„Ројтерс“: Груевски го намали јавниот долг, привлече странски инвестиции и доби трет мандат

„Ројтерс“: Груевски го намали јавниот долг, привлече странски инвестиции и доби трет мандат

Последните парламентарни избори во Македонија покажаа дека владејаката конзервативна партија го обезбеди својот трет мандат, наведува во својот прилог за Македонија, новинската агенција „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.

Според објавеното, и покрај убедливата победа на ВМРО ДПМНЕ, „опозицијата го оспорува резултатот од гласањето под изговор дека имало закани и уцени, и масовно поткупување на гласачи“.

Понатака во прилогот се вели дека Македонија сеуште е меѓу најсиромашните земји во Европа, со моментна невработеност од околу 28 отсто. Но, Никола Груевски е заслужен за постојаниот раст, намалувањето на јавниот долг и привлекувањето на странски инвестиции.