Рок фестивалот во Германија продолжува, терористичката закана не е потведена

Музичкиот фестивал Rock am Ring, најголемиот во Германија од тој тип, кој беше евакуиран во петокот вчерта поради терористичка закана, ќе продолжи имајќи предвид дека секоја потенцијала закана е отстанета, објавија во саботата организаорите на својата интернет страница.

Полицијата објави дека е завршена потрагата во комплексот во кој се одржува фестивалот, во бизина на градот Кобенц, во југозападниот дел на Германија, на кој се очекуваат близу 90.000 посетители.

„По интензивната потрага на целиот простор на одвивање на фестивалот, не се потврдени сомневања за непостедна опасност“, појаснија организаторите. Полицијата дала одобрување „за продолжување на поставувањето на сцените“, се додава во соопшението, отако претходно беше објавено дека двајца работници на компанија којашто дава услуги на организаторите биле приведени поради внесување сомнителен предмет по претходно добиени закани за напад.

Точното време за продолжување на овој фестивл на кој ќе настапат повеќе од осумдесет бендови, како што беше првично планирано, засега не е соопштено.

Фестивалот беше евакуиран во петокот вечерта поради терористичка закана, помалку од две седмици по нападот во Манчестер на концертот на американската поп пејачка Аријана Гранде. За нападот во кој загинаа 23 лица одговорноста ја презема џихадистичката организација Исламска држава.

Во Германија минатата година беа изведени или спречени неколку терористички напади со исламистчка заднина на настани на кои масовно се собираат луѓе.