Рокфелер по шести пат доби ново срце

Милијардерот Дејвид Рокфелер на 99-годишна возраст ја направи шестата трансплантација на срце. Иако последната хируршка интервенција ја направил пред само неколку дена, поради лошата здравствена состојба Рокфелер морал повторно да биде подложен на оперативен зафат кој траел околу 6 часа.

Првата трансплантација на срце му ја направиле во далечната 1976 година, откако преживеал сообраќајна несреќа и доживеал сцев удар.

Во 1988 и 2004 година тој поминал и две трансплантации на бубрезите, а на новинарите на шега им изјавил дека ќе живее и до 200 години затоа што по трансплантациите се чувствува како нов човек, полн со енергија и волја за живот.