четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Рокот за исплата на откупеното грозје ќе се скрати за три месеци

За три месеци се скратува рокот за исплата на откупеното грозје. Винариите и сите откупувачи на вино ќе треба откупеното грозје од наредната реколта да го исплатат до 31-ти јануари, а не како досега до 30 април.

grozje

Последни вести

Ова е една од измените во Законот за вино што Собранието на Република Македонија го донесе во рамки на пакетот закони од областа на земјоделството.

Рокот за исплата на откупеното грозје ќе се скрати за три месеци

Рокот за исплата на откупеното грозје ќе се скрати за три месеци

Измените, како што денеска на прес-конфереција истакна заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, произлегле од средбите со лозарите и се направени на нивно барање.

Винариите мора да го прифатат фактот дека оние кои сакаат да се занимаваат со производство на вино мора да го почитуваат трудот на лозарите. Има околу 20 илјади лозаропроизводители и нивниот труд и мака мора да се цени. Како Министерство сме должни да го регулираме тоа со закон, рече Костадиновски.

Доколку долгот не биде исплатен во законски утврдениот рок, тогаш винаријата е должна надоместокот од 10 проценти од долгот да го исплати, а ако не, ќе биде избришана од Регистарот и нема да може да врши откуп на грозје.

Исплатата на грозјето од минатата реколта се уште е во тек, а досега се исплатени околу 60 проценти од откупеното грозје.

Дел од пакетот измени усвоени на собраниската седница во вторникот е и намалувањето на административните процедури во корист на земјоделците, односно прибавувањето на потребните документи по службена должност ќе ги врши ресорното Министерство и надлежните иснтитуции.

Најчитани вести