Рокот за кандидатури за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ до 21 декември

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за утврдување на датум, место на одржување и број на делегати на вонредниот 16 Конгрес на партијата, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНE Христијан Мицкоски.

„Како датум на одужување ги утврдуваме 22 и 23 декември 2017 година, како место го одредувамме Валандово. ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука и за бројот на делегати кои ќе учествуваат на овој 16 вонреден Конгрес и нивниот број изнесува 544. Списокот на делегатите ќе биде објавен на веб страната на партијата по завршување на состанокот на Централниот комитет“, истакна Мицкоски.

Според информациите, рокот за кандидатури почнува да тече од денес и ќе трае се до 21-ви декември до 15 часот. Кандидатурите се поднесуваат во архивата на партијата од страна на заинтересираните кандидати или од нив овластени лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.