Рокот за откуп на дворните места пролонгиран за уште девет месеци

Вицепремиерот и министер за  финансии Зоран Ставрески при денешната посета на општина Василево најави пролонгирање на рокот за откуп на дворните места за уште девет месеци.

„За 10 дена од денес, граѓаните ќе можат веќе да поднесуваат документи за откуп на  дворни места по  едно евро од квадрат. Следната недела во Собранието ќе треба да помине Законот и може да се поднесуваат документи. Едноставна е процедурата, ќе треба  само копија од лична карта и имотен лист граѓаните да донесат во подрачните единици за имотно правни работи. Девет месеци е дадениот рок за да ја завршат оваа работа. Апелирам, граѓаните да ги откупат своите дворни места за едно евро по метар квадратен, бидејќи им се овозможува да станат стопани на својот имот и  еднаш за секогаш на најдобар начин да ги решат имотните работи“, рече Ставрески.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.