Рокот за поднесување годишна даночна пријава е до 15 март

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 15 март 2016 е крајниот рок за поднесување Годишна даночна пријава за сите граѓани кои лани оствариле дополнителни приходи по различни основи.

Задолжително поднесете образец ПДД-ГДП, најдоцна до 15-ти март, ако мината година сте оствариле дополнителни приходи, односно освен плата, пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, сте оствариле и приходи од кирии (издавање имот – закуп или подзакуп), авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари, приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни, лични примања од странство, работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација, информира УЈП.

Пријава треба да се поднесе и за приходи остварени преку интернет (е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни, поставување реклами на сопствени интернет страни, прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари, како и други дополнителни приходи, надвор од редовната плата или пензија.

Детали околу поднесувањето на пријавата може да се прочитаат наhttp://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/544.