Рокот за пријавување за полагање англиски јазик продолжен до 30. април

Рокот за пријавување за полагање на испитот за англиски јазик за сите такси возачи, за да се здобијат со Сертификат за познавање на англиски јазик, се продолжува до 30 април, по барање на такси компаниите, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронска пошта ispiti@mtc.gov.mk. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите треба да приложат М1/М2 образец не постар од 60 дена и копија од лична карта.

– -Имено согласно Законот за патен сообраќај сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање на основен степен на англиски јазик, кој Сертификат понатаму е еден од условите да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз и кој ќе биде задолжителен од 01.01.2017 година.Сакаме да истакнеме дека авто такси возачите нема да сносат никакви трошоци за полагање на овој испит, односно испитот е бесплатен, потенцираат од Министерството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.