сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 46

Рокот за закуп на земјоделско земјиште завршува утре

Постапката за доставување понуди за добивање во закуп на земјоделско земјиште согласно објавениот јавен повик во април оваа година, завршува утре.

Поднесување електронско барање за финансиска поддршка во земјоделството

Поднесување електронско барање за финансиска поддршка во земјоделството

Поврзани вести

Постапката за доставување понуди за добивање во закуп на земјоделско земјиште согласно објавениот јавен повик во април оваа година, завршува утре. Јавниот повик се однесува на подигнати долгогодишни насади, а за истекот на рокот информираше заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

Отворањето ќе биде на 25 мај за сите доставени понуди. Целта на објавениот повик е сите кои имаат подигнато долгогодишни насади на државно земјиште на максимална површина до 30 хектари да достават понуда која е прифатлива и согласно објавените услови за 33 региони во Македонија да изработат соодветни елаборати. Условот е насадите да не бидат помлади од пет години, појасни Костадиновски.

Потсети дека во 2015 година се објави повик за легализација на земјоделско земјиште и од тој повик склучени се 648 договори за површина од 700 хектари, како и за огласот до три хектари за кој се склучени 300 договори за површина од 400 хектари државно земјиште.

Овој повик, кој е објавен за површини над три хектари со максимална површина до 30 хектари, е прв во серијата за кој што истекува рокот за доставување на понудите, истакна Костадиновски.

Информира дека во тек се огласи за околу 4.400 хектари од кој 2.200 се за комерцијална намена и се за површини над три хектари каде што покрај намената одредена за одгледување на едногодишни култури инвеститорите треба да предвидат изградба на капацитети како објекти за примарна обработка на земјоделско производство, во вредност од  пет милиони и четиристотини илјади евра. Рокот на комерцијалниот оглас е 23 мај. За останатите 2.200 хектари кои се без посебна намена за земјоделците во пет региони огласот трае до 25 мај оваа година.

Најчитани вести