Ролан Гарос донесе неколку промени помеѓу првите 10 рекети во светот

Новак Ѓоковиќ се уште е убедливо прв на најновата АТП ранг листа и покрај тоа што не успеа да слави вчера во финалето на “Ролан Гарос”.

Србинот ги одбранни бодовите од минатата сезона, а Федерер минимално напредуваше, па сега разликата меѓу првите двајца тенисери е 4.430 бода.

Она што е најинтересно од најновата ранг листа е пласманот на некогаш најдобриот светски тенисер Рафаел Надал. Шпанецот ја загуби круната на парискиот Гренд слем и падна дури на десеттата позиција на табелата што е негов најлош пласман во последната деценија. Последен пат, “двоцифрен” пласман Надал имал на 18 април 2005 година кога бил на 11-та позиција, но не смее да се заборави дека тогаш ја почнуваше професионалната кариера и имаше само 19 години. За негова среќа, на оваа позиција нема да остане долго бидејќи следуваат турнири на кои не играше лани и може само да освојува бодови.

Најголем добитник оваа недела е победникот на “Ролан Гарос”, Стен Вавринка кој напредуваше пет позиции и сега се наоѓа на четвртото место на АТП ранг листата. Во првите десет, скок од едно место забележаа Давид Ферер и Марин Чилиќ, а по две паднаа Томаш Бердих и Милош Раониќ.

АТП РАНГ ЛИСТА

1. Новак Ѓоковиќ Србија 13.845 бода
2. Роџер Федерер Швајцарија 9.415
3. Енри Мареј В.Британија 7.040
4. Стен Вавринка Швајцарија 5.835
5. Кеи Нишикори Јапонија 5.570
6. Томаш Бердих Чешка 5.050
7. Давид Ферер Шпанија 4.490
8. Милош Раониќ Канада 4.440
9. Марин Чилиќ Хрватска 3.460
10. Рафаел Надал Шпанија Шпанија 2.930

Извор: Спортмедиа

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.