Роланд Миклер во Веспрем

Репрезентативниот голман на Унгарија и еден од најдобрите голмани во светот, Роланд Миклер, конечно го направи она за што се зборува веќе неколку сезони. Тој од Пик Сегед премина во Веспрем. Миклер потпиша тригодишна верност со шампионот на Унгарија, а договорот почнува да тече од почетокот на новата сезона.

Сега останува да се види што ќе биде со досегашниот прв голман на Веспрем, Мирко Алиловиќ. Дали Веспрем ќе се одлучи да има двајца врвни голмани или Алиловиќ ќе замине, како што тоа се најавуваше минатата година.