Ролер трка во Скопје – „Возиме кон иднината“

Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“ од Скопје по четврти пат ја организираат „Ролер трката 2015“. Во оваа спортска манифестација, чие мото е „Возиме кон иднината“, ќе учествуваат  училиштата од градот и од околината на Скопје. Целта на оваа рекреативна масовна акција, која ќе се одржи утре /22 април 2015 година, среда/ во 12 часот на булевар „Илинден“, е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на нашите најмлади.

Стартната позиција ќе биде на булевар „Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на булевар  „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“).

Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна.

 

Оваа година се воведува новина во манифестацијата, а тоа е натпреварувањето, односно ќе има две ролер трки, едната во машка а другата во жанска категорија. „Ролер трката 2015“ ќе започне со женската трка.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.