Рома го уништи сонот на Јувентус за три титули

Фудбалерите на Рома обезбедија пласман и во полуфиналната рунда од Купот на Италија, откако во 1/4 финалната пресметка на “Олимпико” со 1:0 го победија и го елиминираа големиот ривал, тимот на Јувентус.Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 79 минута беше дело на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Жервињо.

„Бевме сведоци на еден балансиран натпревар, а Рома постигна погодок кога Јувентус играше подобар фудбале. Мислам дека бевме премногу срамежливи во првите 45 минути. Вината за елиминацијата нема да ја побарам кај моите фудбалери, јас морав да ротирам, морав да одморам неколку стандардни првотимци. Сега ќе се фокусираме на националниот шампионат и на Лига Европа,“ изјави по натпреварот предводникот на „старата дама“, Антонио Конте.
Противник на Рома во полуфиналната рунда ќе биде подобриот од пресметката помеѓу екипите на Наполи и Лацио.Денеска е програма 1/4 финалниот дуел помеѓу екипите на Милан и Удинезе, а утре тимот на Фиорентина ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен во дуелот против второлигашот Сиена.