Рома и Јувентус фаворити во Серија А

Карлос Тевез беше стрелец на два гола во победата на Јувентус од 3:0 против Аталанта во петото коло од Серија А.

„Старата дама“ го продолжи перфектната серија во италијанското „Калчо“ откако ја надигра и ја совлада Аталанта во Бергамо со 3:0. Јувентус е лидер на табелата со максимални пет победи од исто толку натпревари и гол разлика од 10-0.

Бункерот на домаќините Тевез го проби во 35-тата минута по одличното додавање од Лихштајнер, а во 59-тата со удар од работ на шеснаесетникот ги реши дилемите околу победникот. Конечните 3:0 ги постави Алваро Мората во 83-тата минута со неговиот прв гол во дресот на Јувентус.

Вреди да се напомене дека Аталанта на ово меч при резултат од 1:0 за тимот од Торино, не реализираше пенал.

Со одличните игри продолжи и Рома, која заедно со Јувентус се наметнуваат како најголеми фаворити за титулата. Римската „Волчица“ на домашен ја совлада Верона со 2:0.

Отпорот на гостите беше скршен во последните петнаесетина минути. Најнапред Флоренци во 75-тата погоди за 1:0, а конечниот резултат го постави Дестро во 86-тата минута.