Рома ќе се засили и со Самуел Ето

Откако ги осигураа услугите на поранешниот репрезентативец на Англија и фудбалер на Челзи, Ешли Кол, кој потпиша 2-годишен договор, раководните лица на италијанскиот калчолигаш Рома веднаш своето внимание го насочија кон најпознатиот интернационалец од Камерун, Самуел Ето.

Близок извор до таборот на римската “волчица” потврди дека преговорите помеѓу агентот на Ето и челнците на Рома се во завршна фаза и дека е можно искусниот напаѓач да биде претставен како најнова аквизиција до крајот на оваа недела.
“Ето доби официјална понуда од челниците на Рома. Станува збор за едногодишен договор со опција истиот да биде продолжен за уште една сезона. Доколку ја прифати понудата на Рома, Ето ќе си обезбеди годишна плата од 3 мил. евра. Мислам дека Камерунецот ќе ја прифати понудата на Рома, ќе ја искористи шанса повторно да игра во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони”, изјави блискиот извор од таборот на Рома.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.